Томас Тухел од вечерва и официјално е нов тренер на Баерн Минхен, откако германскиот гигант ја официјализира соработката со искусниот стратег која ќе трае до 2025 година.
Тој доаѓа на местото на Јулијан Нагелсман, за чија смена одлуката ја донеле генералниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ во договор со претседателот на клубот, Херберт Хајнер. Тухел првиот тренинг со новиот тим ќе го има в понеделник.
Thomas Tuchel will receive a contract until 30th June 2025 and will supervise squad training for the first time on Monday. pic.twitter.com/kXZGxHPXdB
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) March 24, 2023
Неговата последна работа беше во Челси, со кој се раздели во септември минатата година откако го донесе трофејот во Лигата на шампионите во 2021 година. Тухел беше тренер и на ПСЖ, со кој стигна до финалето во Лигата на шампионите и освои две титули во француската лига, а претходно ги предводеше Борусија Дортмунд и Мајнц.