среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бајрами останува на клупата на Македонија ЃП до 2024

Бајрами останува на клупата на Македонија ЃП до 2024

Продолжување на соработка за уште две години, до лето 2024, договорија денеска фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами.

Скопскиот прволигаш имаше успешна сезона под водство на Бајрами и го освои трофејот во Купот на Македонија со што избори пласман во УЕФА Конференциската лига. – Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот, изјави Бајрами.

-Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи, додаде стратегот на Македонија ЃП.  (МИА)