Тренерот на Џенова Давиде Балардини, не го криеше своето задоволство откако неговиот тим минатата ноќ го победи Лацио на „Олимпико“, а особено пофални зборови имаше на сметка на македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
Џенова го совлада Лацио со 2:1, а Пандев го постигна првиот гол за гостите во 55. минута од натпреварот.
-Тој е извонреден, точно знае што да прави со топката и секогаш им помага на своите соиграчи, рече Балардини.