Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели изјави дека наскоро ќе потпише со клуб. 30-годишниот голгетер е слободен играч откако на крајот на минатата сезона беше раскинат договорот со Бреша. За време на последната кампања, Балотели запиша 19 натпревари на кои постигна 5 гола.
– Сè уште не играм никаде, но за неколку недели ќе потпишам со нов клуб, рече Балотели, цитиран од „Гол“.
Покрај Бреша, Балотели има играно и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј.
За репрезентацијата на Италија, напаѓачот има 36 натпревари и 14 погодоци.