среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди: Добро е што сме стандардни во клубовите

Барди: Добро е што сме стандардни во клубовите

Енис Барди, смета дека тој и соиграчите на Aрената „Тодор Проески“ одиграа солиден натпревар. Истакна и дека е среќен што повеќето репрезентативци од овој состав веќе се стандардни во своите клубови.

„Сметам дека полека, но сигурно сите играчи се враќаме во форма. Навистина е добро што многумина од нас играме стандардно во нашите клубови и тоа е видливо и многу важно. Нашата игра е многу поразлична кога стандардно играме во клубовите. Ова беше само еден тест за тоа што ни следи во март. Дај боже тогаш да бидеме во форма и да го дадеме максимумот за репрезентацијата“, вели фудбалерот на Трабзонспор.

Барди е задоволен од новата средина и своите настапи во дресот на турскиот шампион.

„Нова средина, нова амбиент, нов клуб. Не ми требаше многу време за да се адаптирам и среќен сум што сум дел од таков клуб. Навистина ми беше сон да играм за тим кој што се бори за титула и игра на европска сцена“, додаде Барди.