среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди и Алиоски се приклучија на националниот тим

Барди и Алиоски се приклучија на националниот тим

Фудбалската репрезентација на Македонија полека се комплетира на стартот на подготовките за квалификациските натпревари во септември во рамки на циклусот за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

Интернационалците полека присигнуваат во Скопје каде е „базата“ на тимот, а последни кои застанаа во стројот и се ставија на располагање на новиот селектор Благоја Милевски се Езџан алиоски и Енис Барди.

Македонија во следните денови ќе тренира и работи на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија, а првиот предизвик ќе биде домашен натпревар против Ерменија закажан на втори септември.