петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди: Ќе направиме се за да дојдеме до позитивен резултат

Барди: Ќе направиме се за да дојдеме до позитивен резултат

Покрај селекторот, на стандардната прес-конференција се обрати и капитенот Енис Барди, кој смета дека нè очекува возбудлив и израмнет натпревар.

„Украина е многу квалитетна репрезентација, има доста играчи со голем квалитет. Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз. Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација. Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен резултат. Мислам дека на првиот дуел имавме падови на концентрацијата, во некои ситници кои може да се казнат. Сите ќе преземеме одговорност, знаеме колку ни значи и без притисок не може да се игра“, изјави Барди.

Од Прага за kurir,mk

Бошко Тасиќ