Членот на шпански Леванте и нашата фудбалска репрезентација Енис Барди е мотивиран пред дуелот со Ерменија и изјави дека дококу сакаат успех во Ереван мораат да одиграат како тим.
„Наша задача е да бидеме концентрирани на нашата игра. Деталите решаваат на секој меч во овие квалификации, но најважно за нас е да знаеме што бараме од овој дуел. Мора да одиграме како тим за да стигнеме до посакуваната цел. Без разлика што по Европското првенство очекувањата се поголеми, мое мислење е дека треба да одиме од натпревар во натпревар. Имаме нов селектор, нов начин на работа и доста нови играчи. Не мислам дека досега одигравме лошо, еден или два натпревари не ја даваат вистинската слика за квалитетите. Во селекцијата има неколку нови играчи и секако дека на сите ни треба малку време за да се воиграме. Фудбалот не е математика или нешто слично. Најважно е сите да го дадеме максимумот, тоа е клучот. Утре треба да влеземе мотивирани за победа и сите заедно да бидеме целина која што тешко ќе може да се пробие“, рече Барди.