вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди: Ова е едно семејство во кое сите сме важни

Барди: Ова е едно семејство во кое сите сме важни

Фудбалерот на шпански Леванте и нашата фудбалска репрезентација Енис Барди добро ја почна сезоната и играше на сите контролни и официјални натпревари, а против Ерменија, Исланд и Романија треба да ги преземе работите во нашиот среден ред во свои раце.

„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација и за другарството кое го имаме тука. Секогаш кога ќе добиеме повик, едвај чекаме да дојдеме тука. Дел од нас доста години се заедно, 90% сме истите играчи. Добро се познаваме и знаеме што направивме низ изминатите години додека сме тука. Клучните играчи сме сите, нема тука поединци. Ова е едно семејство во кое сите сме важни. Така треба да мислиме и понатаму. Се што помина мора да оставиме зад нас и да живееме во моментов. Ерменија има многу добра репрезентација, со овој селектор променија доста работи во тимот. Но, ние ќе се фокусираме на нашата работа и што треба ние да правиме како и секогаш. Секој меч е многу важен и тежок да се победи, поразлично ништо не треба да дадеме, ние го знаеме нашиот квалитет и кои сме, само тоа да го покажеме на терен и да ги исполниме задачите на селекторот“, изјави Барди.