недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди по спектакуларното деби: Среќен сум како почнав, ама не победивме

Барди по спектакуларното деби: Среќен сум како почнав, ама не победивме

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди само една недела после трансферот од Леванте во Трабзонспор за три милиони евра, дебитираше во турската Суперлига на спектакуларен начин, до два гола, но недоволни ни за бод за првакот после дебаклот во Анталија со 2-5 синоќа.

Барди првпат за Трабзон заигра во вторникот во Копенхаген во првиот меч од плејофот во ЛШ (1-2), а синоќа првпат играше во турското првенство, само што фантатичното деби му се расипа после поразот со три примени гола во завршницата, откако успеа прво негативата од два гола со два погодоци да ја достигне.

„Ова е мој прв меч во Суперлигата и многу сум среќен за настапот, секако и што тргнав со голови, ама поважно беше да победиме. А, ние не успеавме да победиме. Ова не беше резултат што го очекувавме и што го заслуживме“, рече Барди по мечот.