Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Енис Барди рече дека е подготвен за настап на Европското првенство.
За потсетување, Барди пропушти поголем дел од подготовките во Скопје поради позитивен тест на коронавирус.
– Ми беше тешко во карантин и мислев дека ќе го пропуштам Европското првенство. Среќа добро се заврши. Тренирав индивидуално и кога бев во изолација, па подготвен го дочекувам шампионатот. Секој од нас со нетрпение ги чека натпреварите и убеден сум дека ќе даде максимум на теренот. Јас веќе имам искуство од младинското ЕП, но ова е нешто друго. Не дојдовме овде да бидеме аутсајдери. Сакаме на сите да им покажеме дека и Македонија има квалитет и дека знае да игра одличен фудбал. Ќе уживаме во секој момент од ЕП, изјави Барди.
Македонската репрезентација првиот натпревар на ЕП ќе го има на 13 јуни во Букурешт против Австрија. Во групата Ц се и селекциите на Украина и на Холандија.