петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди: Полека се враќаме во потребната форма, многу е важно што играме во нашите клубови

Барди: Полека се враќаме во потребната форма, многу е важно што играме во нашите клубови

Македонската А репрезентација одигра реми, 1:1 на пријателскиот натпревар против Финска во Скопје. Нашата селекција одигра одличен натпревар, создававме шанси, но реализацијата одново не беше на посакуваното ниво.

Финците во финишот на првото полувреме поведоа преку Антман, израмни Барди од пенал во вториот дел.

Капитенот на сениорската селекција, Стефан Ристовски рече дека теренот бил тежок за играње и среќа што никој не се здоби со повреда.

– Полека сите играчи се враќаат во потребната форма, навистина е добро што и во нашите клубови играме доста од нас, тоа се виде дека е многу важно. Само да продолжиме вака, ова беше еден тест за нашата селекција пред натпреварите кои ги имаме во март следната година. Да бидеме во форма, секој да собере сили и да го дадеме максимумот – рече македонскиот репрезентативец Енис Барди по мечот со Финска на Националната арена „Тодор Проески“.

Барди од оваа сезона е инаку нов играч на Трабзонспор, вели дека требаше време да се адаптира на новата средина и е среќен што е дел од тој турски клуб. Екипа која секогаш се бори за титули, игра во Европа (Лига на шампиони, Лига Европа) и тоа беше сонот на нашиот играч.