Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го пречека Азербејџан во пријателски натпревар во Скопје, последен за националниот тим оваа година.
Фудбалерот за врска Енис Барди вели дека атмосферата е одлична и дека сите размислуваат за триумф.
-Азербејџан е квалитетна селекција, имаат одличен селектор и сигурно дека не очекува уште еден одличен тест. Во денешниот фудбал нема фаворити, ќе треба на теренот да докажеме дека сме подобри. Сепак, бидете сигурни дека сакаме победнички да ја заокружиме годината, истакна Енис Барди на денешната прес-конференција.