недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди: Заслужено победивме

Барди: Заслужено победивме

По натпреварот и победата од 2-1, на јавноста ѝ се обрати Енис Барди, кој го анализираше натпреварот и важната стартна победа.

„Мислам дека ова е заслужена победа. Секој противник сака против нас кога играме дома да ни застане на патот кон трите бода. Во второто полувреме бевме поконкретни, имавме подобра завршница, за разлика од првиот дел кога го немавме тоа.На крајот многу сум среќен затоа што освоивме три бода кои ни се важни и што го стартувавме циклусот со победа. Ќе одиме чекор по чекор во квалификациите, а првиот чекор го направивме. Овој циклус е новост за сите нас и секој од нас доаѓа тука со друг менталитет. Ќе дадеме сè од себе на секој натпревар. Имаме силна група и ќе видиме што ќе биде во иднина“, изјави Барди.