Каталонскиот весник Спорт пишува дека Барселона побарала од талентираниот Ендрик да почека до следното лето кога тие ќе можат да седнат на маса со Палмеирас и да формализираат некаков договор.
16 годишниот Ендрик е новото чудо од дете, напаѓачот на Палмеирас подолго време е следен од гигантите ширум Европа и оваа недела се појавија информации дека ПСЖ повлекол потег и понудил 20 милиони евра.
Како што пренесува Спорт, Барселона сака Бразилецот да ги следи стапките на Роберт Левандовски, Рафиња и Кунде, кои беа трпеливи за да се реализираaт нивните трансфери на Камп Ноу и ги игнорираа другите понуди.
„Каталонците“ во јануари имаат други приоритети, односно ангажмам на нов десен бек и фудбалер од средниот ред, па бара од Ендрик да почека до следното лето кога тие ќе можат да седнат на маса со Палмеирас и да формализираат некаков договор.
Спорт исто така додава дека односите помеѓу Барселона и агентите на Ендрик се одлични, клубот од Камп Ноу добил ветување дека редовно ќе биде известуван за ситуацијата и понудите кои ќе пристигнуваат на адреса на младиот фудбалер.