среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса ги впери очите во едно од откритијата на Европското првенство

Барса ги впери очите во едно од откритијата на Европското првенство

Барселона продолжува со ремонтот, а управата сега се насочи кон услугите на еден германски репрезентативец.

Левиот бек, Робин Госенс имал контакт со каталонскиот клуб околу евентуален трансфер. Според „Мундо Депортиво“ токму членот на Аталанта е новата мета на Жоан Лапорта.

Првиот човек на шпанскиот гигант не е задоволен од составот, па активно работи да ги задоволи желбите на Лионел Меси.

26-годишниот Германец засега одлично се претстави на Европското првенство и тоа е причина да добие шанса да настапува за еден од најдобрите клубови на денешницата.

Калчолигашот нема да има проблем да го пушти својот фудбалер. Но, за него ќе побара обештетување од 45 милиони евра.

Договорот на Госенс со тимот од Бергамо истекува во јуни 2023 година.