сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса и Јунајтед казнети од УЕФА

Барса и Јунајтед казнети од УЕФА

УЕФА ги казни Барселона и Манчестер Јунајтед поради кршење на финансискиот фер-плеј, пренесува Ројтерс.

Барселона е казнета со 500.000 евра, бидејќи каталонскиот клуб во својот приход го вклучил и профитот од продажбата на нематеријалните средства.

Според прописите на УЕФА, само трансферите на играчи може да се прикажуваат како приход.

Англискиот клуб е казнет со 300.000 евра поради мало прекршување на финансиските правила.

Кипарски Апоел, турските екипи Коњаспор, Трабзонспор и Истанбул Башакшехир, белгиските Андерлехт и Антверпен, како и љубљански Олимпија, Слован Братислава и Рига се казнети поради прекршување на прописите.