понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса и Мендеш разговараат за можен трансфер на Асенсио

Барса и Мендеш разговараат за можен трансфер на Асенсио

Барселона е заинтересирана за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Според „Diario Sport“, каталонскиот клуб е во контакт со 27-годишниот фудбалер.

Неговиот договор со Реал Мадрид е до јуни 2023 година. Агентот на Асенсио, Жорге Мендеш го понуди на многу клубови од Премиер лигата, но и на Барселона.

Управа на каталонскиот клуб има блиски односи со Мендеш, а Асенсио е еден од играчите за кои зборуваат агентот и шефовите на Барса.

Реал веќе му понуди нов договор на Асенсио, но играчот не беше задоволен од очекуваната плата. Страните не се договорија, бидејќи финансиските барања на играчот се поголеми од понудената сума.

Асенсио се уште нема донесено конечна одлука за иднината. Постои можност тој да остане во Реал Мадрид. Крилниот напаѓач постигна три гола и пет асистенции на 22 натпревари за Мадрид оваа сезона во сите натпреварувања.