понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса ќе му ја исполни желбата на Чави, договорен е трансфер на Феран Торес вреден 65 милиони евра

Барса ќе му ја исполни желбата на Чави, договорен е трансфер на Феран Торес вреден 65 милиони евра

Неколку извори пренесуваат дека Барселона и Манчестер Сити договориле трансфер на Феран Торес, се работи за зделка вредна 55 милиони евра, плус додатни 10 милииони евра во бонуси.

Чави го идентификуваше Феран Торес како приоритетно засилување во јануари, тренерот го известил раководството дека нема компромиси кога е во прашање Шпанецот и тој мора да биде ангажиран.

Па „каталонците“ направија голем напор и успеаја да му ја исполнат желбата. Неколку извори пренесуваат дека паднал договор со Манчестер Сити за трансфер вреден 55 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Барселона од поодамна си има подадено рака со играчот, и сега се очекува само зделката официјално да биде потврдена во следните денови.