среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса на големи маки, го убедува Умтити да си замине од клубот

Барса на големи маки, го убедува Умтити да си замине од клубот

Самуел Умтити би решил дел од проблемите на Барселона доколку си замине од клубот, но дефанзивецот нема намера да мрдне, иако не игра.

Доколку Барселона се ослободи од Умтити или Пјаниќ, ќе може да го регистрира Серхио Агуеро без да бара од останатите фудбалери да си ја намалат платата.

Но, Умтити не сака да си оди, тој верува дека физичките проблеми се зад него и е подготвен да се бори за место во стартниот тим од дефанзивата на Барселона.

Тоа е неговиот официјален став, а зад него се крие големата плата која ја добива. Умтити е еден од најплатените фудбалери во Барселона и досега не се најде клуб кој сака да го купи и е подготвен да му понуди слични услови како тие што веќе ги има.

Умтити би си заминал доколку до него дојде понуда од врвен клуб со шампионски амбиции и му понуди голема плата. Но таков засега нема.

Договорот на Умтити со Барселона трае уште две години и се чини дека тој е подготвен да го одрабти до крај и по цена тие две години да ги преседи на клупата или на трибините.