Барселона ќе биде значително ослабена за првото сезонско „Ел Класико“ овој викенд, кога ќе пречека Реал Мадрид на домашен терен.
Каталонците немаат добар старт на новата сезона. Сега ќе мора да играат без Педри и Роналд Араухо на мечот против „кралевите“ на Карло Анчелоти. Младиот талентиран офанзивец е повреден и не работи со соиграчите одреден период. Така е случајот и оваа недела, па од Барса најавуваат дека нема да се случи чудо до крајот на викендот.
Централниот дефанзивец, пак, би требало да се врати во тимот наредната недела. Тоа значи дека и одбраната на Роналд Куман нема да биде комплетна за големото дерби.
Дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра в недела со почеток од 16:15 часот.