недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона без Левандовски подолг период

Барселона без Левандовски подолг период

Една од главните вести во европскиот фудбал денеска е повредата на Роберт Левандовски кој сигурно нема да игра против Гранада, а најверојатно ќе го пропушти и Ел Класико кое е на програмата пред крајот на октомври.

Навивачите на Барса се загрижени поради тоа, но традицијата вели дека можеби на екипата нема да ѝ биде толку лошо. Откако дојде во Каталонија,

Левандовски пропушти седум натпревари поради повреди, суспензии или едноставно одмор, а Барселона триумфираше на сите седум.

Ова значи дека повторно одбраната ќе треба да биде на ниво за Барселона да го издржи периодот. Ако се остварат најавите, Полјакот нема да игра против Гранада, Атлетик Билбао и Реал и евентуално би се вратил на 4 ноември против Сосиедад во Сан Себастијан.