Холандската фудбалска легенда Марк Овермарс ќе го напушти директорското место во Ајакс на крајот од оваа сезона.
Според информациите Овермарс договорил разделба со Ајакс и од следното лето ќе работи како спортски директор во Барселона.
Тоа го тврди англискиот Телеграф кој известува дека Овермарс е подготвен да се врати на Камп Ноу и дека не можел да го одбие предизвикот во Барселона.
Овермарс во Барселона играше од 2000. до 2004. година и само е еден од низата Холанѓани кои оставија голем трага во каталонскиот гигант.