четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона го откажа пријателскиот меч со Јуве поради стомачен вирус

Барселона го откажа пријателскиот меч со Јуве поради стомачен вирус

Барселона потврди дека го откажала пријателскиот меч против Јувентус кој требаше да се игра во Санта Клара, Калифорнија, причината е стомачен вирус кој го добиле голем дел од фудбалерите.

Натпреварот требаше да се игра на 22. јули во 19:30 часот по американско време, односно изутрина (23 јули) во 4:30 часот по наше време. Но на жалост на фановите кои купиле билети, мечот е откажан.

Барселона потврди дека мечот нема да се игра поради стомачен вирус кој владее во тимот. Не се наведени многу детали, но се претпоставува дека се работи за некакво труење од храна.

Нивниот следен меч е на 27. јули против Арсенал.