Екипата на Барселона го официјализираше трансферот на младиот талентиран фудбалер Пабло Торе од Расинг Сантандер. Торе игра во средниот ред, има само 19 години и многумина го споредуваат со една година постариот Педри, кој веќе блеска во дресот на Барселона.
Барселона за трансферот на Торе плати пет милиони евра, а сумата може да се зголеми до 20 милиони со бонуси и веднаш постави откупна клаузула во висина од 100 милиони евра.
Голем интерес за младиот фудбалер пројавуваше и европскиот шампион Реал Мадрид.
– Вистина е дека неодамна имав понуда од Реал Мадрид кој ми понуди повеќе пари, но мојот сон е да играм за Барселона – призна Торе.
Торе потпиша четиригодишен договор, а следната сезона ќе настапува за вториот тим на Барселона иако подготовките пред новара сезона ќе ги одработи со првиот тим.
𝐏𝐀𝐁𝐋𝐎 𝐓𝐎𝐑𝐑𝐄 𝟐𝟎𝟐𝟔 💙❤️ pic.twitter.com/bJEREEDCKs
— FC Barcelona B (@FCBarcelonaB) June 15, 2022