Барса влезе во осминафиналето во кое пласман обезбедија и Глазгов Ренџерс со ремито 2-2 против Борусија Дортмунд, откако во Германија, шкотскиот великан исчекори кон следната фаза со триумфот со 4-2, како и Бетис, кој после гостинските 3-2 во Санкт Петербург, вечерва одигра без голови и ја задржа предноста од еден гол.
Дека Наполи ќе загуби му најави Барса после само 15 минути од стартот на мечот, откако една пеколна контра реализираше Жорди Алба, а потоа Френки Де Јонг даде еврогол. Па, иако Лоренцо Инсиње намали со гол од пенал во 23-та минута, победата ја обезбеди Жерар Пике пред полувремето, а Пјер Емерик Обемејанг по еден час игра само ги дотолчи.
Во завршноцата Матео Политано постогна втор гол, колку Наполи да избегне дебакл, но Барса според сѐ што прикажа во 180 минути сосема заслужено оди во осминафиналето, во кое пласман од претходно денеска обезбедија и Севилја, Аталанта, Порто и Ред Бул Лајпциг.
ВАР го спаси Бетис од продолженија откако во првата минута од судиското надополнување Дмитри Чистјаков погоди во мрежата, но потоа поради прекршок во напад беше поништен тој погодок и андалузиските зелено-бели обезбедија осминафинале.
Во Глазгов, Белингам и Мален направија пресврт во првиот дел откако Тревение донесе водство, но кога се чекаше трет гол на „милионерите“ барем за продолженија, Тревение даде втор за Ренџерс, па ги уништи надежите на германскиот бундеслигаш.