Една и пол година откако со активирањето на клаузулата во неговиот договор со Леганес, Барселона во своите редови го донесе Мартин Брајтвајт, сега се подготвени да го продадат напаѓачот и тоа за помалку од што го платија.
Данецот на Камп Ноу пристигна за 18 милиони евра, а од таму ќе замине ако некој плати 14 милиони евра, јавува Спорт.ес. Наводно клубот имал повеќе понуди и подготвен е да го пушти бидејќи летово ги доведе Мемфис Депај и Серхио Агуеро.
Настапувајќи просечно по 40 минути на натпревар, Брајтвајт за Барслона одигра 29 натпревари во Ла Лига, на кои постигна по два гола и асистенции.
За него интерес покажуваат Вест Хем, Норич и Брајтон.