четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона го продава Гризман

Барселона го продава Гризман

„АС“ тврди дека во текот на денешниот ден Барселона ќе донесе одлука за продажба на Антоан Гризман за да ги реши финансиските проблеми, и да има за новиот договор за Лионел Меси.

Барса во моментов не може да ги регистрира новите играчи Депај и Агуеро се додека не ги реши финансиските проблеми, а тоа би го решила со продажба на Французинот.

Според најновите информации, постои можност тој да се пресели во Премиерлигата, но дури и да се врати во Атлетико Мадрид.

Во секој случај Гризман немаше успех во дресот на Барселона, барем не онолку колку што имаше во Атлетико.