недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона го врати Ориол Ромеу

Барселона го врати Ориол Ромеу

Каталонскиот гигант Барселона го пушти тогаш младиот и перспективен дефанзивен играч за врска Ориол Ромеу во Челзи. Ромеу се истакна во Б тимот на Барселона, па во сезоната 2010/11 беше прекомандуван во сениорскиот тим каде одигра само еден првенствен меч па беше продаден во Челзи.

Но и во Челзи не се изнаигра па беше позајмуван во Валенсија и Штутгарт, а најмногу се задржа во Саутемптон, од 2015 до 2022 година за кој одигра 217 првенствени натпревари.

Во јуни 2022 година отиде во Џирона, а сега Барселона ќе го купи од таму за 8 милиони евра, пренесуве каталонски „Спорт“.

Ромеу кој има 31 година се враќа во матичниот клуб за да му помогне во одбрана на шампионската титула.