петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона и Атлетико се договорија за Феликс, трансферот пред реализација

Барселона и Атлетико се договорија за Феликс, трансферот пред реализација

Португалскиот фудбалски репрезентативец Жоао Феликс најверојатно ќе биде следното засилување за Барселона во летниот преоден рок.

Ел Мундо Депортиво вечерва јавува дека Барса и Атлетико постигнале меѓусебен договор иако многумина се сомневаа дека ќе се случи такво нешто.

Според весникот, Феликс ќе дојде во Барселона како позајмен играч на една сезона, а Барса ќе има обврска идното лето да го откупи неговиот договор.

Повеќе информации на оваа тема би требало да има во следниот период, можеби веќе до крајот на оваа недела.