Барселона и Севиља се исклучени од женскиот шпански куп во фудбал.
Комитетот за натпревари при Шпанската фудбалска федерација утврди дека во натпреварите од осминафиналето на ова натпреварување, во тимовите влегувале играчи кои немале право на настап.
На натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна (9:0) учествуваше Гејзе Фереира, која немаше одлежено суспензија на турнирот добиена во нејзиниот претходен клуб.
На натпреварот помеѓу Севилја и Виљареал (1:0) играше Нагоре Калдерон, која исто така не одлежа суспензија.
Покрај дисквалификацијата во Купот на кралот, Барселона и Севилја ќе платат и парична казна од 1.0 01 евро.
Клубовите можат да се жалат во рок од 10 дена.