четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона изненади со гостинските дресови за новата сезона (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона изненади со гостинските дресови за новата сезона (ФОТО+ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Барселона денеска официјално ги претстави дресовите со кои ќе игра натпреварите на гостински терен во новата сезона.

Каталонците се решиле за едно специфично решение со кое ќе се оддаде почит, чест на женската секција која слави 50 години од првиот одигран меч на „Камп Ноу“ (25 декември 1970 година). Дресот е во виолетова боја, боја која се добива од сината и црвената и со која популарно се претставува борбата за родова еднаквост.

Со ова се дава јасна поддршка на дамите, а дресот е дел од кампањата која ја започна клубот со слоганот „Повеќе од“, „Повеќе од пол“.