Шпанска Барселона многу извесно е дека ќе ја загуби битката за дефанзивецот Жил Кунде, најави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, зашто не може да ја израмни понудата на Челси за стоперот кој е огромна желба на двата тима.
Кунде сака да игра во Барселона, според најавите од Каталонија им порачал дека ќе сочека уште малку за да се обидат да го договорат трансферот, но Каталонците според Романо „чувствуваат“ дека понудата од Лондон е пресилна за да ја достигнат.