Барселона се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш, пренесуваат каталонските медиуми.
Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.
25-годишниот Бразилец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Овој трансфер е скоро невозможен за Барселона, бидејќи Њукасл за неговата слобода бара 100 милиони евра, а Каталонците не можат да си дозволат таков трансфер во моментов.