Тимот на Барселона го потврди статусот на фаворит и славеше над Хетафе со 2-1 во премиерниот натпревар од денешната програма во Примера.
Каталонците не блескаа на дуелот на „Камп Ноу“, но се изборија за славје со кое дојдоа до седмиот бод по три одиграни кола. Резултатот беше отворен на самиот почеток и тоа во 2 минута кога Алба му асистираше за Роберто кој стрелаше за водство на домаќинот.
Одговорот на гостите стигна во 19 минута кога по една одлична комбинацијата на поранешните играчи на Барса, Рамирез и Алења овој првиот ја затресе мрежата на Тер Штеген за 1-1.
Барселона одново си ја врати предноста во 30 минута и тоа по една мајсторија на летното засилување Депај за кого ова беше втор гол во новата средина.