вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона ќе ангажира двајца Португалци

Барселона ќе ангажира двајца Португалци

Управата на Барселона се надева дека до крајот на летниот преоден рок ќе му ја исполни желбата на тренерот Чави Ернандес и ќе ја засили екипата.

На мета на челниците на Барселона се наоѓаат двајца португалски репрезентативци, Жоао Феликс и Жоао Кансело. И двајцата фудбалери не се плановите на нивните тренери, Диего Симеоне во Атлетико Мадрид и Хосеп Гвардиола во Манчестер сити.

Преговорите меѓу Барселона и Атлетико Мадрид за евентуалниот трансфер на Феликс на „Камп Ноу“, и според шпанските медиуми, истите одат во посакуваната насока и постои огромна можност трансферот да се реализира до крајот на август.

Идејата на Барселона е Феликс да пристигне на „Камп Ноу“ на едногодишна позајмица за која ќе плати осум милиони евра, но засега не се знае дали постои можност за откуп на договорот идното лето.

И Жоао Кансело по истиот рецепт би требало да пристигне во Барселона.