четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона може да го доведе Компани преку слободен трансфер

Барселона може да го доведе Компани преку слободен трансфер

Барселона би можела во своите редови да го доведе дефанзивецот на Манчестер Сити, Венсан Компани без исплата на обештетување, објави „Сан“.

Каталонците веќе имале прелиминарни разговори со играчот. Неговиот договор со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната, по што тој ќе може да си замине без исплата на обештетување на клубот.

Белгиецот верува дека сè уште може да одигра неколку години на високо ниво, но сé уште не решил што ќе прави во иднина.

Оваа сезона, 32-годишниот Компани одигра 11 меча за Сити, на кои имаше една асистенција.