среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона најмалку три недели без Де Јонг

Барселона најмалку три недели без Де Јонг

Играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг, кој изминатиот викенд го повреди глуждот, ќе биде надвор од теренот најмалку три недели, односно до следната репрезентативна пауза, изјави денеска тренерот на каталонскиот клуб, Чави.

Холандскиот фудбалер беше стандарден во составот на Барселона на сите натпревари сезонава во шпанската ла Лига пред да биде заменет во првото полувреме против Селта Виго во саботата.

„Тоа ќе биде значаен недостиг за нас. Френки е клучен за нашата игра, особено во светло на одличната форма во која се наоѓаше“, рече Чави.

Барселона вечерва ѝ гостува на Мајорка, по што до репрезентативната пауза ја очекуваат дуелите против Севиља, Порто и Гранада. (МИА)