Се шпекулираше за иднината на фудбалерот на Барселона Ансу Фати , но шпанскиот тим нема да наера да се откаже од него.
Во овој момент 18 годишниот Фати со Барселона има договор до јуни 2022 година. Според„Мундо Депортиво“ Барселона му нуди нов договор на Фати со важност до 2026 година.
Финансиските услови од понудата засега не се откриени. Во акутелната сезона Фати за Барселона одигра 10 натпревари, постигна пет гола и запиша четири асистенции.