Барселона планира да ангажира неколку врвни играчи за ои планира да потроши 200 милиони евра ова лето.
Според „Мундо Депортиво“, со овие пари Каталонците сакаат да ги купат напаѓачот Роберт Левандовски (Баерн Минхен), дефанзивецот Жил Кунде (Севилја) и играчите од средниот ред Бернардо Силва (Манчестер сити) и Рафиња (Лидс).
Покрај тоа, на раководството на Барселона ќе му останат средства и за потпис на Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.
Продажбата на 15% од ТВ правата за 400 милиони евра, што ќе и овозможи на Барса да најде пари за трансфери, се планира да биде затворена до 17 јули. (MИА)