среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона почна со „плачење“: На Чави виновни му се судиите за ремито со Гетафе

Барселона почна со „плачење“: На Чави виновни му се судиите за ремито со Гетафе

Барселона не успеа да слави и одигра само 0:0 во првото коло од Ла Лига против Гетафе, а стратегот на каталонскиот гигант, Чави Ернандез имаше што да му каже на судијата по мечот.

Чави порди беснеење на клупата заработи исклучување во 70-тата минута, па завршницата од натпреварот ја следеше од трибините.

Без влакна на јазикот со критики кон арбитрите зборуваше и на прес-конференцијата по завршувањето на натпреварот.

„Му кажав на судијата дека е срамота тоа што го прават, нив им ги судеше сите фаули, на нас не. Зошто бев исклучен? Пред неколку дена имавме состанок на кој беше кажано дека ќе се дозволи дијалог на тренерот со судијата. Заслуживме да победиме, но не успеавме. Одговорни за овој резултат се судиите, не можеа да го контролираат натпреварот“.

„На домаќините им беше дозволено се, на нас ништо. Кога го искоментирав тоа бев исклучен, вакви работи не се позитивни за никого. За крај, измисли играње со рака и од Гави, на состанокот исто така беше кажано дека нема да се судат пенали ако нема очигледно играње со рака. Ни беше нанесена голема неправда, навистина сум многу бесен“, порача Чави.