вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона под истрага, во која лига ќе игра следната сезона?

Барселона под истрага, во која лига ќе игра следната сезона?

Случајот на Негреира може да има огромни последици за фудбалскиот клуб Барселона која се соочува со исфрлање од сите натпреварувања на УЕФА доколку биде прогласен за виновен.

Како што јави шпанската телевизија TV3, а пренесе весникот “Marca” управата на Барселона веќе почнала да бара алтернативни натпреварувања доколку УЕФА ја исфрли од своите натпреварувања.

Најверојатните решенија засега се дека Барселона ќе игра пријателски натпревари и на тој начин ќе заработи доволно за финансиски да опстане.

Друга опција е клубот да се приклучи на некоја од азиските лиги. Може да се случи и Барселона да игра во некоја од европските лиги, но оваа можност допрва треба дополнително да се истражи.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, неодамна се сретна со Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, и наводно му ги објаснил деталите за случајот со надеж дека УЕФА нема строго да го казни клубот.