Манчестер сити ја прифати понудата на Барселона за услугите на фудбалерката Кеира Волш, која ќе прејде во редовите на каталонскиот клуб за рекорден износ во историјата на женскиот фудбал, објавија денеска британските медиуми.
Според Скај спорт, трансферот на 25-годишната Волш од Манчестер сити во Барселона ќе изнесува рекордни 350.000 фунти.
Претходно, највисокиот трансфер во женскиот фудбал изнесуваше 300.000 фунти колку што Челзи му плати на Волфсбург во септември 2020 година за Пернил Хардер.
Сити ова лето одби неколку понуди од Барселона за Волш, која договорот со каталонскиот клуб мора да го потпише до полноќ кога истекува преодниот рок во Шпанија. (МИА)