четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона повеќе не смета на Дест

Барселона повеќе не смета на Дест

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона повеќе не смета на дефанзивецот Сержињо Дест.

Како што пишува „The Athletic“ Каталонците сакаат да го продадат 22-годишниот американски репрезентативец за 10 милиони евра или да го дадат на позајмица.

Дест е во Барселона од 2020 година. Минатата сезона, дефанзивецот играше како позајмен за Милан. За италијанскиот клуб забележа 14 настапи без да постигне гол.

Договорот на Дест со Барселона е до 2025 година. На фудбалскиот пазар вредноста на Дест се движи околу 10 милиони евра.