Тимот на Барселона со победата над Леванте (3:0) обезбеди учество во четвртфиналето на шпанскиот национален куп, но учеството на Каталонците во следната фаза е загрозено поради административно невнимание.
За домаќините синоќа играше Чуми, за кого шпанските медиуми објавија дека немал право да игра поради неодлежана дисквалификација добиена минатата сезона како играч на Б-тимот на Барселона.
Останува да се почека одлуката на надлежните, а до тогаш Барселона е меѓу осумте најдобри и ќе го брани трофејот од лани.
Резултати на натпреварите од реванш 1/8финалето во Копа дел Реј одиграни синоќа:
Реал Сосиедад – Бетис 2:2
Еспањол – Циљареал 3:1
Барселона – Леванте 3:0.
Пласман во четвртфиналето изборија: Бетис, Еспањол, Барселона, Реал Мадрид, Жирона, Севиља, Валенсија и Хетафе.
МИА