вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона сака да го продолжи договорот со Педри до 2026 година

Барселона сака да го продолжи договорот со Педри до 2026 година

Барселона има намера да му понуди нов договор на играчот од средниот ред Педри. Каталонскиот клубот е задоволен од напредокот на играчот од средниот ред и сака да го награди со нов договор.

Осумнаесет годишниот Педри е обврзан на соработка со Барселона до 2022 година.

Барселона сака да потпише договор со играчот до 2026 година под подобрени услови, што вклучува значително зголемување на платата и зголемување на висината на надоместокот, тврди „ Diario Sport“.

Самиот Педри е подготвен да го обнови договорот. Неговиот агент веќе неформално разговараше на оваа тема со раководството на Барселона.

Се очекува клубот да даде официјална понуда на крајот од оваа сезона.