четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона се дави во долгови, клубот е пред банкрот!

Барселона се дави во долгови, клубот е пред банкрот!

Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, а тоа го покажуваат и најновите извештаи според кои тимот должи неверојатни 820 милиони евра.

Шпанските медиуми објавија дека на Каталонците им се заканува банкрот ако не преземат нешто наскоро. Барселона остана без приходи поради пандемијата на ковид-19, а притоа немаат ни други туристи кои го посетуваат „Камп Ноу“.  Исто така, екипата рано испадна од Лигата на шампиони минатата сезона и не заработи доволно пари.

Дополнителен проблем за Барселона е тоа што поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу договорил со една американска компанија уште 800 милиони евра за раконструкција на стадионот.

Доколку се додаде и таа сума на сегашниот долг, тогаш вкупниот долг на Барселона ќе порасне на 1,6 милијарди евра.

Извор: Спорт 1