Медиумите во Шпанија и Англија синоќа објавија дека Барселона и Брајтон се договориле за позајмица на Ансу Фати, кој до крајот на сезоната ќе игра во ПЛ, но набргу потоа работите се искомплицираа бидејќи во приказната се вклучи и трет клуб.
Ансу Фати не е задоволен од минутажата која ја игра во Барселона откако Чави Ернандез ја презеде тренерската функција, а на крајот реши дека најдобро за него е да замине на позајмица во клуб каде што ќе има можност да се докаже.
Овој 20-годишен фудбалер во изминатите денови беше поврзуван со Тотенхем, но на крајот синоќа сите беа изненадени од информацијата дека Фати оди во Англија, но не во Тотенхем, туку во Брајтон.
И угледниот Фабрицио Романо потврди дека се воспоставени контакти помеѓу Барселона и Брајтон и дека Фати се согласил кариерата да ја продолжи во овој англиски клуб.
Договорена е позајмица до крајот на сезоната, а Брајтон нема да има право да го откупи договорот и Фати ќе се врати во Барселона на крајот на сезоната со надеж дека конечно ќе може да се избори кај Чави за стартна позиција во каталонскиот клуб.
Сепак, иако беше најавено дека позајмицата на Фати во Брајтон е завршена работа, работата наводно се искомплицира.
Утринава шпанските медиуми пишуваа дека во приказната се вклучил и трет клуб, екипа од Ла Лига. Не се знае за кој клуб се работи, но дека е екипа од самиот врв, и дека може да расипе се.
ICYMI last night, via colleague @David_Ornstein.
Exciting replacement for the injured Julio Enciso if they pull it off. #BHAFC
They’ll be keen to get it done. A significant La Liga club has reportedly emerged late on the scene. https://t.co/OcR4wXf2Ok— Andy Naylor (@AndyNaylorBHAFC) August 31, 2023