Екипата на Барселона постигна договор со напаѓачот на Лион, Мемфис Депај за неговите лични услови, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Контактите на Каталонците со играчот започнаа пред неколку дена. Сега останува клубот да се договори со Французите за цената на голгетерот. И Депај и Лион продолжуваат да ги негираат разговорите со Барса.
Од „Камп Ноу“ продолжуваат да работат на привлекување на нивната друга холандска цел – играчот од средниот ред Жоржињо Вајналдум, и покрај фактот што се уште не испратиле понуда до Ливерпул за нивниот играч.