Шпанска Барселона почнува со подготовката за трансфер на Ерлинг Халанд ова лето, пренесуваат медиумите од Каталонија.
Чави е решен да го донесе халанд во тимот и по цена да загуби некој од најдобрите играчи, кои би биле ставени на продажба во летниот преоден рок.
Халанд има откупна клаузула во договорот со Борусија Дортмунд од 72 милиони евра, а се поврзува и со трансфер во Сити, Реал Мадрид и ПСЖ.
Можно е Барселона да се ослободи од Депај, Дембеле и Лук Де Јонг само за да ослободи простор за Халанд.